Французин уапсен на подрачјето на Центар

Вчера попладне полицијата уапси 31-годишен Французин. 

На 24.03.2023 во 13.30 часот на подрачје на Центар од полициски службеници е приведен A.Г.М.(31) од Р. Франција затоа што агресивно се однесувал и не почитувал наредба издадена од полициски службеник кој вршел службени дејствија, соопштија од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.