
Вчера во Скопје, од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, лишени од слобода биле Ф.Р.(30) и Т.Т.(44), двајцата државјани на Република Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.
Имено, како што информираат од МВР, при извршен преглед на возило "голф" во кое биле двете лица, пронајдени се пари во различни валути и апоени (евра, американски долари, швајцарски франци и британски фунти) со вкупна вредност од околу 230.000 евра.

Пронајдените пари биле одземени, а лицата се спроведени во Полициска станица Центар за понатамошна постапка.
По документирање на случајот, во координација со јавен обвинител ќе биде поднесен соодветен поднесок, посочија од МВР.