(ФОТОГРАФИИ) Скопјани повторно се жалат на нерасчистени ѓубришта низ градот

На социјалните мрежи скопјани повторно се жалат за нерасчистените ѓубришта околу контејнерите и за околните „мини депонии“ направени од несовесни граѓани, а не раскренати од недлежните служби.

Имено, во Фејсбук групата „Стари скопјани“ една скопјанка сподели неколку фотографии на кои може да се забележи отпадот кои очигледно стои веќе некое време.

Во објавата оваа скопјанка напиша: „Дали е ова нормално, наше Скопје до каде дојде? Се гушиме и труеме. До кој степен сме, аларм треба да се вклучи. Ова е главен град, а не ѓубриште. Тука ни растат нашите деца, нашата иднина“.

Најголем дел од коментарите под објавата беа со револт за состојбата во која се наоѓа градот.

Од објавата и од фотографиите не може баш да се заклучи каде се направени, бидејќи според аглите веројатно станува збор за некои од скопските маала, но сепак ова беше единствена „поплака“.

Во коментарите под објавата друга скопјанка сподели фотографија од скршено стакло за кое вели дека стои во паркот во Аеродром и дека е поради несовесни граѓани кои се доселиле во маалото.