Земјотрес со јачина од 3.1 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди јужна Србија, а истиот е почувствуван и во Македонија и во Бугарија.
Епицентарот на земјотресот бил на 12 километри североисточно од Врање, а потресот бил на длабочина од 11 километри и се почувствувал во 4 часот и 27 минути по локално време.