(ФОТО) Запален помошен објект во откупен пункт за старо железо во Струмица, зафатени биле и дел од материјалите - пожарникарите синоќа на терен

Струмичките пожарникари утрово информираа дека синоќа  во близина на булеварот Климент Охридски, ТППЕ Струмица со четири противпожарни (ПП) возила и единаесет пожарникари-спасители интервенирала на гаснење на запален помошен објект во откупен пункт за старо железо, при што биле зафатени и дел од материјалите кои биле во непосредна близина.

„Пожарот беше во разгорена фаза и гаснењето беше доста отежнато поради тешкиот пристап за ПП-возилата, како и лесно запаливите материјали кои беа присутни на локацијата“, се посочува во објавата на Фејсбук на Струмичките пожарникари.

Од таму апелираа во случај на пожар или друга природна непогода, граѓаните да повикаат 112 или 193.