
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски предмалку се огласи преку Фејсбук објава, во која праша кој има толку против урбана и модерна Општина Бутел, реагирајќи на извадени поставени столпчиња.
„На новиот парк во Населба Радишани за еден ден се извадени поставените столбчиња кои спречуваа влез на моторни возила во ова ново урбано уредено место во Општината“, информира Костовски.
Тој посочи дека веќе пријавиле во МВР и дека во тек е истрага, за која се надеваат дека ќе биде изведена до крај, оценувајќи го стореното вандалско дело како „срамота“.