ФОТО ВРЕМЕПЛОВ: Духот и шармот на плоштад „Македонија“ пред повеќе од 50 години

Денеска плоштадот Македонија има еден поинаков изглед, кој обележува едно ново време и ново поглавје од независноста на државата па навака.

Многумина преуредувањето на и околу градскиот плоштад го поздравија и го доживеаа како позитивна трансформација од „досадниот“ комунистички изглед. Други пак жалат по токму тој изглед кој им носеше многу спомени.

Без да навлегуваме многу во дискусијата за естетика и вкусови, преку овие две фотографии се присетуваме на едно поинакво Скопје, на поинаков „живот“ на овој градски плоштад.

Од седенките во Метропол, до долгите муабети и случајните средби низ плоштадот со другарите и познаниците, но и новите љубови.