Фото: Волшебна снежна бајка, многу санки и снежни игри - зимска идила во Градски парк

Со нетрпение го дочекувавме снегот кој ги разбуди сите убави чувства во нас и за миг се почувствувавме како дел од една волшебна снежна бајка.

Најголемата радост за скопјани овој викенд беа снежните прошетките во парковите кои нѐ вратија во детството, нѐ поврзаа со природата, но и со најблиските.

Во меѓувреме, останува да уживаме во прошетките на снегот додека сѐ уште е со нас и да се радуваме на сите оние мали нешта кои навистина знаат да не направат среќни!