
По вчерашното невреме во Скопје и во општина Карпош имаше повеќе паднати стебла и скршени гранки низ улиците.
Како што информираа од Општината синоќа преку нивната фејсбук страница, нивните екипи до доцна вечерта работеле на расчистувањето.
„По расчистувањето на паднатите дрва на улица Никола Парапунов и во паркот Делфина во Влае попладнето, нашите екипи до доцна вечерва работеа на расчистување на паднати стебла и скршени гранки на улица Карпошево востание, на улица Драгиша Мишевиќ кај градинката Орце Николов во Карпош 3, Радика 9 пред влезот на ООУ Лазо Трповски и општина Карпош, улица Манапо, улица Љубљанска, Јуриј Гагарин зграда број 54, Јуриј Гагарин карши Рептил и Карпош 4 спроти пицерија Доминос, информираа од Општина Карпош.