Фото: Во Белград денес се отвори најголем шопинг центар во регионот

Трговскиот центар „Галерија Београд“ е отворен денес како дел од комплексот „Београд на води“  и е најголем трговски центар во регионот.

Изградбата на објектот од 300.000 квадратни метри започна во 2017 година, а инвеститор е компанијата Игл Хилс од Обединетите Арапски Емирати.

„Галерија Београд“ има транспарентен покрив. Во него има продавници, ресторани и кафулиња, како и два комплекси за забава, кино и 3.600 места за паркирање.

На отворањето на шопинг центарот присуствуваа претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот, Ана Брнабиќ, министерот за финансии, Синиша Мали и претседателот на компанијата Игл Хилс, Мохамед Алабар.

Што од мода нуди „Галерија Београд“?

Водечката компанија за трговија со мода во Југоисточна Европа отвори пет продавници во шопинг центар, со што направи уште еден значаен чекор напред во модната понуда на пазарот во Србија. Новата, најголема најголема продавница во регионот Fashion & Friends, како и продавниците Replay, Guess, Timberland и Camper зафаќаат површина од скоро 2000м2, вработуваат околу 50 лица и нудат над 25 престижни светски модни брендови кои ќе ги израдуваат вистинските љубители на добриот шопинг. 

Во втората фаза од отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во продавницата на италијански бренд за шминка КИКО Милано, а од следната пролет и во продавниците на омилените урбани брендови Diesel, Calvin Klein, Levi’s, Tommy Hilfiger, Patrizia Pepe и Superdry.

Освен модни брендови во „Галерија Београд“ е отворен и супермаркет на познатиот локален бренд „Макси“. Препознатлив по старата, добра, соседска услуга, на 2.000 квадратни метри, новиот супермаркет „Макси“ со уникатен дизајн е проследен со значителни новини, што ќе влијае на уште подобро искуство во купувањето.