Фото + Видео: Изгореа канцелариите на Министерството за животна средина, пожарот се шири кон горниот дел на зградата

Канцелариите на Министерството за животна средина, лоцирани во зградата на поранешна Комерцијална банка се целосно изгорени во пожарот кој започна рано изутринава. 

Огнената стихија во зградата во којашто е сместен и Секретаријатот за европски прашања почнува да се шири и кон вториот кат.

Пожарникарите се обидуваат пожарот да го стават под контрола.