ФОТО: Вардарци ги израдуваа учениците од ОУ „Кирил Пејчиновиќ“

После посетата на средното училиште Васил Антевски – Дрен, денеска дел од Вардаровите фудбалери беа во посета на основното училиште Кирил Пејчиновиќ во населбата Кисела Вода во Скопје.

Евгениј Новак, Никола Глигоров, Филип Гачевски, Бесир Демири и Стефан Спировски имаа можност да ги израдуваат дечињата од ова училиште, да им подарат маици од ФК Вардар, да се фотографираат со нив, и да земат автограми. Децата покажаа огромно задоволство за оваа средба, а тоа можеше да се забележи по насмевките на нивните лица.

-Чест е и задоволство денеска да се биде тука покрај овие дечиња. Нема поубаво нешто од искрена детска насмевка, и ние сме многу горди што успеавме да ги израдуваме учениците од ова училиште. Тие не вратија низ времето кога и ние бевме на ученичките клупи, вели Никола Глигоров.