(ФОТО) УХМР најави потенцијална опасност од излевање на реките во половина од државата

Од Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавија дека ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Пообилни врнежи ќе има во јужните, а во текот на ноќта во западните делови.

Исто така, за денешниот ден излегоа и со хидро аларм, посочувајќи дека постои потенцијална опасност од излевање на реките.

Според карата што ја објавија, во жолто е обоена половина држава, односно целиот југ на Македонија.

За утре најавија променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив превец.

Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд.