Фото: Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово во Скопје

Сообраќајка утрово се случи на булеварот 8 Септември во Скопје, во непосредна близина на Педагошкиот факултет.

Од фотографиите кои ги објави порталот Независен.мк од местото на настанот, станува збор за возило „цитроен“, кое засега од непознати причини се искачило на поткачениот дел, односно жардинерата што ги разделува коловозните ленти на булеварот. Во непосредна близина е и пешачки премин.

Засега, нема информации дали во сообраќајката има жртви или повредени. Во моментов, екипи на сообраќајната полиција вршат увид.