Фото: Станови во Скопје за побогата клиентела

Агенциите за недвижности велат дека во Скопје расте побарувачката за луксузни станови, а такви ексклузивни резиденцијални комплекси веќе има на Водно,покрај кејот на Вардар на местото на поранешната фабрика Алумина, во населбата Орман.

1.500 евра е просечната цена на станбен квадрат во новите луксузни ресорти во Скопје.

Комплексот „Верина“ е лоциран во Орман со лесен и брз пристап до булевар „Илинден“.Луксузна станбена населба од затворен тип  е со површина од 30.000m². Се наоѓа на 7km од центарот на Скопје. Комплексот вклучува вештачко езерце, базен со пикник простор, рекреативни терени, детско игралиште, билијард клуб и фитнес центар опремен со сауна и турска бања.

Компанијата Enta Seal во чија сопственост се објектите, кој за прв пат на пазарот понуди домови кои овозможуваат живот во близина на центарот на градот, но сепак далеку од градскиот метеж, во непосредна близина на Вардар, станови и апартмани опкружени со зеленило и свеж воздух.

Целиот комплексот е во вкупна површина од околу 7000м2, а останатиот дел од парцелата се обликува во вид на парк со патеки, зеленило, фонтани, летниковци и детски игралишта – кои се на располагање на сите жители на комплексот. Овие станови се идеални за луѓе кои мечтаат за стилски животен простор, со високи естетски и функционални карактеристики.

Парк Резиденс е резиденцијален објект со статусни апартмани и хотел, во чија изградба се користени материјали од светските брендови како Cotto D’ ieste, M&Z, VIP, BAUDZT, Progetti, Rossini. Комплексот го карактеризира препознатлива фасада, современ дизајн, енергетска ефикасност и највисока технологија која е вградена во објектот, што сеопфатно Парк Резиденс го прави уникатен простор кој ги одзема воздишките на посетителите. Комплексот се состои од вкупно: 126 апартмани, длеловен простор, хотел на 5 ката, обезбеден паркинг, на вкупна изградена бруто површина од 32.264м2. Сите оние кои ќе живеат во овој комплекс или ќе престојуваат во хотелот ќе имаат на располагање и спа и фитнес центар, и многу други подобности, сите на едно место.

На падините на Водно, внимателно е осмислен нов концепт на куќи кои навистина ги задоволуваат сите потреби на едно семејство. Оддалечен е од центар за само 6,5 километри  во близина на општината во с. Сопиште. Комплексот се нарекува Ветрило, и самото има кажува за каков простор станува збор.

Ова е место каде ветрот  не дозволува да се задржува смог и штетни честици во воздухот. Проблем кој денеска навистина сериозно ги окупира жителите на главниот град.

Секој викенд па и во текот на неделата Скопјани одат на Водно се цел да дишат малку свеж воздух. Со купување куќа на Водно трајно се решава проблемот со недостигот на чист воздух.  Децата можат да растат во поинакви услови, да трчкаат во дворче наместо да седат во стан покрај компјутер.  Куќичките кои се на два ката, навистина пленат со својата убавина.

Модерно дизајнирани со плански осмислен простор, за секој член во семејството. За љубителите на водени лудории архитектите осмислија и базени крај куќите. Ветрило е новата надеж на Скопјани кои се желни за тишина и почист воздух.