ФОТО: Среќен пола роденден!

Прослави за првите заби, проодување, прв збор, роденден, но, сега нов тренд е и славење на пола роденден. Родители до кога ќе измислуваме нови трендови? Инаку пола роденден, е кога додете ќе наполни шест месеци од раѓањето... 

Родендените веќе не се модерни. Родителите постојано измислуваат нешто ново... 

Прв ден во градинка или училиште. Мини матура, полуматура... 

Сите овие прослави се во кафеана или игротеки, со еден куп гости, декорации и торти, музики и забави. 

Од неодамна родителите измислија да си прославуваат и пола роденден, односно шест месеци, како е родено нивното дете. Момент кој сметаат дека мора да се одбележи со некоја прослава, со роднините и пријателите. 

Родители, што е следно?