ФОТО: Сообраќајка кај Универзална

Велосипедист е повреден во сообраќајна несреќа која пред половина час се случила на булеварот „Партизански Одреди“, кај Универзална сала.

Од Министерството за внатрешни работи за Курир потврдуваат дека кај нив има пријава за случена сообраќајна незгода во 11:20 часот, но засега немаат повеќе детали.

Во несреќата учествувале велосипедист и мотоцклст. На терен е екипа на Итната медицинска помош и полицијата.