(ФОТО) Сончева Аналема над Скопје - Кузманоски го овековечи феноменот од македонско тло!

Феноменална фотографија од Сончева Аналема над Скопје! Автор на ова ремек дело е фотографот Боби Кузманоски кому му успеа да го реализира овој астрофотографски потфат - 365 дена работа и прецизност за да се добие една фотографија.

- Ретки се факвите фотографии дири и во светот, ама тој успеа да ја направи првата во Скопје и Македонија, коментираат на социјалните мрежи за неговото ремек дело. 

Самиот автор вели дека проектот барал дисциплина и трпеливост. 

- Одамна ме привлекуваа фотографиите на сончева аналема, онаа убава крива во облик на бројот 8 која настанува кога ќе го фотографираш Сонцето секој ден, во исто време, цела година. Сакав да направам своја верзија, но со препознатливата панорама на Скопје во позадина, и така да ја создадам првата сончева аналема сликана од македонски автор на македонско тло, вели Кузманоски. 

- Проектот бараше дисциплина и трпеливост. Поради работните обврски, најлесно беше да сликам за време на викендите, па така еднаш неделно излегував на она добро познато место, покривот од мојата зграда, и во исто време го фотографирав Сонцето. Планираното време беше 14:30, но уште на првата сесија поради технички проблем направив фотка дури во 14:50 и тоа стана фиксниот термин за целата година.

Оваа фотографија е кулминација на едногодишен проект за документирање на патеката на Сонцето над нашиот град. Како вчера да беше кога, без многу размислување, одлучив да се нафатам на овој долготраен и барем малку луд проект. По 365 дена посветено фотографирање и трпеливо чекање на ведро небо, резултатот е фасцинантен визуелен запис во кој Сонцето ја исцртува својата карактеристична осумка, издигнувајќи се високо над Милениумскиот Крст на Водно во лето и спуштајќи се ниско над хоризонтот во зима, спојувајќи го урбаниот пејзаж на Скопје со космичкиот ритам, сподели авторот за работата над оваа фотографија. 

Фото: ФБ профил Боби Кузманоски