Фото: Скопскиот кеј има нов изглед, а скопјани уживаат во прошетките

Скопскиот кеј има нов изглед и тој им се допаѓа на скопјани. Тие уживаат во прошетките, особено во попладневниот период од денот.

 Терасите на угостителите се повлечени, има многу повеќе зеленило и дрва, а многу помалку метални конструкции и маси.  Освен ново високо зеленило, просторот е дополнително збогатен со клупи, корпи за отпадоци, жардинери и канделабри, и најважно од сè - бетонски и електрични столбови кои ќе оневозможат нелегално паркирање.

Сега скопјани може да уживаат во своите прошетки во широк, осветлен и модерен градски кеј кој одамна му недостасуваше на Скопје. Со реконструкцијата на овој дел, го враќаме кејот на оние на кои тој отсекогаш им припаѓал - на нашите граѓани, напиша градоначалникот Шилегов на својата фејсбук страна.

Граѓаните коментираат дека после долго време овој простор е достапен кај нив, а на фотографиите објавени на нашиот инстаграм профил може да се види дека кејот на Вардар сега е место со нов лик, направено за фамилијарно уживање – на повозрасните, но и дечињата.