Фото: Скопската зоолошка доби нови жители

Скопската зоолошка соопшти дека во месец ноември добиле осум жолто градни капуцинери (машка група), како донација од ЗОО Мунстер Германија.

Новите жители во ЗОО Скопје деновиве се прилагодуваат на надворешната средина, а сите се на возраст од 5 до 12 години и се сместени во живеалиштето кое претходно го користеа мајмуните од видот Мангабе.

- Овие мајмуни се многу атрактивен јужноамерикански вид и се надеваме дека посетителите редовнo ќе им се радуваат и ќе се забавуваат со нив, информираат од ЗОО Скопје.