(ФОТО) Скопјанец укажува на опасност при возење низ улица Пролет - има голема дупка и расфрлан бекатон

Член на Фејсбук група која тематски обединува „стари скопјани“ сподели објава со фотографии каде укажа на опасност на улицата Пролет во Центар на раскрсницата кај Феријален Дом.

Како што може да се види на фотографиите, но и според напишаното во самата објава, станува збор за голема дупка од извадени бекатонски коцки.

„Веќе подолг период има голема ударна дупка и извадени бекатон коцки кои се расфрални наоколу и е голема опасност некое возило да ги отфрли кон пешаците и останати учесници во сообраќајот. Овој проблем е веќе децениски уште откако се направија оваа и подолу раскрсницата кај ОУ 11-ти Октомври со вакви коцки. Најдобро би било да се извадат целосно коцките и да се асфалтира овој потег бидејќи досега многупати е санирано но за жал безуспешно и повторно е опасно“, гласеше натписот на објавата.

Во коментарите под објавата, многумина граѓани се револтирани од ваквите оштетувања на улиците, кои велат дека ова не е изолиран случај, туку дека ова е чест призор низ скопските улици.