
Лишен од слобода скопјанец кај кого при преглед на возилото била пронајдена дрога.
Како што информираат од МВР, утрово (29.12.2025) во 07:40 часот по преземени оперативно тактички мерки од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР лишен од слобода бил С.J.(29) од Скопје.
При извршен преглед на патничко возило со скопски регистарски ознаки управувано од С.Ј. на булеварот „Партизански Одреди“ пронајдени биле 10 паковки со марихуана и 10 паковки со кокаин.
Лицето било лишено од слобода поради основи на сомнение за сторено Кривично дело и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од МВР.