
Во некои од Фејсбук-групите за огласување на станови во Скопје, еден скопјанец кој издава стан под кирија, сподели непријатно искуство со турски државјани на кои им издал стан. Нив ги оцени како „кираџии од пеколот“ и им порача на останатите издавачи да внимаваат.
„Дамла Којун и Есманур Џевахир, наводни студенти на Меѓународен Балкански Универзитет. Влегоа во станот на 03.10.2025, со уредно потпишан и заверен договор за закуп на една година. Голготата започна уште првиот ден со барања што беа нивна обврска, но покрај се им излеговме во пресрет за се што побараа. Цел Февруари ги информирав повремено дека сметките за режиски трошоци за Јануари не им се платени и добивав само ветувања дека ќе бидат платени во следните денови“, вели скопјанецот во објавата.
Во март, како што посочи тој, тие задоцниле со уплаќање на месечната кирија, за на 6-ти март да го известат дека имаат итен случај во Турција и дека мораат итно да заминат.
„Покрај договорот на една година се согласивме да го напуштат станот само под услов да си ги подмират долговите. На 7-ми март не добивме никаква повратна информација од нив за кога планираат да заминат. На 8-ми март влеговме во станот, го најдовме испразнет, со еден месец складирано ѓубре внатре во станот, изгорена нова аголна гарнитура со цигари, искршена врата во спална, оштетена кујна, пожолтени ѕидови. Избегаа од станот со два месеци неплатени сметки, една неплатена кирија и околу 1000-1500 евра штета. Правдата ќе си ја бараме на суд“, објаснува за случката со непријатните кираџии овој скопјанец.
Во објавата, тој сподели и фотографии од двајцата кираџии и им порача до другите издавачи да внимаваат.
