Фото: Сечата на дрва во Скопје продолжува

Среде бел ден вчера беше исечен цел дрворед во близина на Ист Гејт Мол во Општина Гази Баба.

Засега нема објаснување ниту од централните, ниту од локалните власти која е причината за сечата на дрвата кај поранешен „Саем“.

Скопјани попладнето затекнаа неколку исечени дрвја во непосредна близина на самиот трговски центар, а на местото имаше и механизација.