Автомобил „фолксваген Пасат“ попладнево се запалил на паркинг во трговски центар на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје.

фото: Слободен Печат
Во пожарот е зафатен предниот дел од возилото, покажуваат фотографиите.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пожарот бил пријавен во 16:30 часот на 11 октомври. Возилото, со скопски регистарски ознаки, го управувал 30-годишен скопјанец.
„Возилото е изгаснато од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.
Засега нема дополнителни информации за причините за пожарот.