Фото: Просторот околу Клинички центар со нов изглед

Со новиот паркинг простор Клинилчки центар доби нов изглед. Уредени се и тротоарите, има и зелени појаси.

„Ова е Клиничкиот центар вечерва. Со нов лик, нови и проширени тротоари, зелени појаси и дрвореди, одвоени ленти за итна помош, патеки за посетители и лица со медицински помагала и велосипеди, како и ново улично осветлување. Да го зачуваме Клинички уреден. Сликите од минатото да не ни се повторуваат. Јавното здравје е заедничка одговорност - од нас зависи, напиша министерот Венко Филипче на фејсбук.