
Вчера во 14:25 часот, во село Ангелци, струмичко, избувнал пожар во помошен објект.
На местото на настанот интервенирале пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Струмица со едно противпожарно возило и пет пожарникари-спасители.

Пожарот бил ставен под контрола и целосно изгаснат во краток временски рок по пристигнувањето на екипите, со што било спречено негово проширување и поголема материјална штета.

Надлежните апелираат до граѓаните во случај на пожар или друга природна непогода, да пријават на единствениот број за итни случаи 112 или на 193