Фото: Пожар пеплоса прилепска фабрика

Пред неколку дена голем пожар ја зафати прилепската конфекција „Тила“, а поранешна фабрика за чевли „Борка Левата“. Пожарникарите ја почнале борбата со огнената стихија околу 13.20 часот, а пожарот бил изгаснат 35 минути по полноќ.

По пожарот на социјалните мрежи беа објавени снимки од остатоците од прилепската конфекција и може да се забележи дека таа била пеплосана во пожарот.

Во текот на целото гаснење на пожарот интервенирале вкупно 20 пожарникари со 10 противпожарни возила.