
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за време на викендот и во текот на следната седмица најавуваат сончево и многу топло време со максимална дневна температура до 40 степени Целзиусови и со појава на мала до умерена облачност во текот на денот.
Во попладневните часови, од УХМР посочија дека ќе има појава на локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и ретки грмежи.

Од УХМР за денеска објавија метео аларм за високи температури на територијата на целата држава, а според картата што ја објавија, станува збор за портокалова фаза.
