(ФОТО) Поради силен ветер летнала лимената конструкција од кровот на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија

Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од кровот на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според информациите, нема повредени лица.

Побарана била интервенција од службени лица од МВР, како и од надлежните институции.

За настанот се известени ТППЕ Гевгелија, ЕЛС Гевгелија и ПС Гевгелија, кои ќе преземат понатамошни мерки согласно своите надлежности.