(Фото) Погледнете како ќе изгледа новата Боемска улица во Дебар Маало

Новата Боемска улица која се прави во Дебар Маало е при крај и наскоро на задоволство на пешаците но и на околните кафеани, ќе биде пуштена во употреба.

Улицата започнува од „Идадија“ и е реновирана во правец на ресторанот „Гурмет“.

Имајќи предвид каков шмек му даде првата Боемска улица на ова место на која кафеаните работат турбо, и оваа ќе придонесе за економски бенефит на околните локали.

Фото: Facebook