Фото: Паркинг за камиони „никнува“ во заштитената парк шума кај Гази Баба

Жителите на скопската населба Автокоманда попладнево на социјалните мрежи објавуваат фотогорафии на кои се гледаат камиони кои растовараат земја, багери и градежна механизација во заштитениот дел од парк шумата кај Гази Баба. Според нивните тврдење станува збор за почеток на изградба на нов паркинг за камиони кој ќе биде сместен токму на оваа заштитена локација. 

Во своите објави тие велат и дека станува збор за градежна дозвола добиена за голем износ на пари. Скопје Инфо попладнево побара реакцијата од општина Гази Баба, до затворањето на текстот не добивме став.