(ФОТО) Паднаа дрвја врз оградата на основното училиште „Киро Глигоров“ - улицата е непроодна

Од Општина Центар утрово информираа за паднати дрвја во близина на основното училиште „Киро Глигоров“.

Од Општина посочија дека во моментов, екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ работат на остранување на двете паднати дрвја во близина на ООУ „Киро Глигоров“.

Улицата е непроодна за возила додека не се отстранат дрвјата.

 Паѓањето на дрвата веројатно е резултат на обилните врнежи на дожд во последните 24 часа.