Фото: На +40 степени застнале на пауза за цигара додека пациентот чекал во амбулантно возило

Вчера на фесбук страната на Ина Многуфина се најдоа фотографии од возило на брза помош кое пренесувало пациент од Велес за Скопје, на кои се гледа дека дури и на +40 степени со отворен прозорец пациентот е оставен да чека додека медицинскиот персонал прави пауза за цигара на бензинска пумпа.

Голем број на граѓани бурно реагираа на ваквата ситуација која како што велат е пракса во македонското здравство и бараат итни промени на здравствениот систем и поголеми етички принципи.

„На бензиската на Окта на автопатот Велес – Скопје, брза помош со пациент внатре, на 40 степени, екипица надвор лабаво со цигарчето и смоките! #ЗдравоТаравари, би сакала да најдеме начин некако ова понашање на здравствените работници да се смени, мислам дека јавноста е спремна да поддржи секаква акција од страна на Министерството само односот кон пациентите да стане похуман! Да потсетам, штипската болница е позната по случајот на пиење, јадење и пушење на 31.12.2016, случај кој стигна и до странски медиуми. Мислам во ова дувло треба некој да воведе ред пошо не лечат стока туку лечат луѓе, граѓани кои плаќаат здравствено и мора да бидат третирани ко шо треба!

п.с. ми стигна инфо дека возилото е од Виница ама комплетно небитно ми е, нека направат истрага и нека ги најдат, ниеден пациент не заслужува ваков однос!“ – стои во фејсбук статусот.