Фото: Леб и парче салама - појадок во породилиште

Тенко исечена саламичка и тоа само половина парче, зденка и леб, вака изгледа појадокот на жените во породилиштето.

Жени, кои само што се породени, жени кои треба да внесуваат витамини во себе, за да добијат млеко и да можат да ги хранат своите само што родени бебиња. 

-Пред породување, кога ги прашував сестрите во породилиште, како да се хранам за моето бебе да нема грчеви, да имам повеќе млеко, една од сугестиите беше да се избегнува сувомеснати производи. Неколку дена после тоа, на свет дојде моето бебе, а еве го и појадокот, раскажува една мајка од Куманово, која ни ја испрати фотографијата.

Да, така и треба да е во пракса, но зошто истото не се применува и во болниците, прашува таа. 

-Кога се побунив и прашав зошто салама на доилка, одговорот беше, ако ти се јаде, јади, ако не нека ти донесат од дома што сакаш! Јасно е дека сме во болница, а не во кафеана, но барем да има човечки третман од тамошните вработени, додава пациентката.