(ФОТО) Ковачевски го честиташе Денот на македонскиот јазик со објава со грешки

Бурни реакции на социјалните мрежи предизвика честиката на премиерот Димитар Ковачевски по повод Денот на македонскиот јазик поради бројните правописни грешки. 

-Наградна игра - пронајдете ги сите грешки во објавата на Ковачевски по повод денешниот Ден на македонскиот јазик, се шегуваат на социјалните мрежи. 

За среќа, во меѓувреме, објавата на официјалниот фејсбук профил на премиерот беше корегирана.

-Денес е добар ден да научиме зошто над „ни“ не се пишува надреден знак, како што го направи тоа нашиот премиер во оваа честитка.