(Фото) Ќе пливаат ли скопјани повторно во базенот во Сарај?

Руинираниот базен во спортско-рекреативниот центар „Сарај“, кој беше еден од омилените места на скопјани во минатото, би можел повторно да обнови.

Владата реши базенот да помине под надлежност на Општина Сарај.

- Со оглед на состојбата на руинираниот базен и околните објекти кои не се во функција повеќе од 30 години, сега со менаџирање од Општина Сарај се отвора можност овој базен да се ревитализира и да стане атракција за жителите, велат од општината.

Од општината сметаат дека ревитализирање на базенот ќе обезбеди голем број придобивки, меѓу кои зголемување на вредноста на имотот во околината, зголемени даночни приходи и развој на спортски активности.

Базенот во моментов е во катастрофална состојба, односно е распаднат и не се користи 30 години.