Фото - изложбата „Лицата на Европа“ на Кондев вечерва во Мала станица

 

Изложба насловена „Лицата на Европа“ на фотографот Александар Кондев ќе биде отворена вечер во 20 часот во мултимедијалниот центар Мала станица, во рамките на манифестацијата „Денови на Европско Скопје“.

Фотографиите се направени во последните децении за време на неговите лични патувања, како и патувањата со ансамблот „Орце Николов“ на најпознатите фолклорни фестивали во Европа.

Целта на авторот со оваа изложба е да се сретнеме со лицата на европските граѓани од Кипар и Турција до Германија, снимени на еден друг начин вон стандардните места и стереотипи на кои сме навикнати. Покрај портретите во нивната средина на живеење може да се види сета убавина на традицијата и фолклорот кој се уште се негува во целиот овој простор, може да се види како традицијата и современоста се преклопуваат во тоа што го нарекуваме живот и постоење.