
Фејсбук страницата „Во одбрана на Буњаковец“ сподели фотографија од една од улиците, на која се гледа како дел од неа почнува да пропаѓа.

Според објавата, станува збор за улицата „Владимир Полежиновски“ која почнувала да пропаѓа пред градилиштата кај поранешниот дуќан на „Цокула“.

„Пропаѓа улицата „Владимир Полежиновски“ (поранешна „Иван Милутиновиќ“) број 11-15, почнува да пропаѓа пред градилиштата кај поранешниот дуќан на „Цокула“. Граѓаните праќаат фотографии и бараат интервенција од институциите“, се вели во објавата.