ФОТО: Гореше џип во Скопје - не можеле да го најдат сопственикот па пожарникарите кршеле стакла за да го изгаснат пожарот

Доцна синоќа после полноќ во 12 часот и 30 минути на улица Васил Ѓоргов во Скопје горел џип.

Противпожарна служба пристигнала на местото, но не можеле да го пронајдат сопственикот на возилото, па морале да го искршат ветробранското стакло за да може да го изгасат пожарот.

Засега не е познато како настанал пожарот, но се очекуваат повеќе информации во теот на денот.