(ФОТО) Гази Баба ги избра најубаво украсените дворови и институции во нивната општина

Избрани најубаво украсените дворови во во општина Гази Баба, по јавен повик за избор на најубаво новогодишно украсувањe.

„Искрено и од срце им се заблагодарувам на сите жители на Општина Гази Баба кои дадоа свој придонес со украсување на дворовите и балконите, со цел заедно да ја создадеме новогодишната магија насекаде низ општината, вели во објава на Фејсбук, градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.

По објавениот јавен повик и извршената посета на домаќинствата, Комисија од Општина Гази Баба направи избор на најубаво украсените дворови и институции.

Наградени семејства:

1 место – Семејство Јовановиќ 

2 место – Семејство Анчевски 

3 место – Семејство Стефковски

4 место – Семејство Нешиќ

Наградени институции:

ООУ „Григор Прличев“

ЈУДГ „25 Мај“, клон „Морковче“

„Наградите ги доделуваме со цел да ги мотивираме и останатите граѓани следната година уште помасовно да се вклучат и да учествуваат во создавањето на празничната атмосфера, посочи градоначалникот.