Фото: Доаѓа топлотен бран

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со услови за краткотраен пороен дожд во југоисточните делови попладне.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. УВ= 8

ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ:

Следува период на постабилно време. Ќе преовладува сончево со повремено зголемување на облачноста и со постепен пораст на дневните температури.

Услови за појава на краткотраен пороен дожд понекаде и со грмежи ќе има утре на крајниот југоисток, но и во вторник кога преку денот ќе дува и засилен северозападен ветер.