Фото: Детско одморалиште „Страхил Андасаров" во Љубанци - негрижа на дело

Колку само спомени и сеќавања на едни убави поинакви времиња. Времиња кога се градеше и кога се живееше. 

Детско одморалиште „Страхил Андасаров" во Љубанци, некогаш преубаво свртилиште за децата, а денеска сосема поинаква слика. Препуштено на забот на времето, речиси целосно уништено. 

Дали некогаш ќе се врати сјајот на ова место, е тешко да се одговори, но зарем е толку тешко да се одржува барем она што го имаме? 

Сликите кои се ставени во групата Стари скопјани, се доволни, да се види тажната судбина на оваа место. 

Скопјани коментираат, сеќевајќи се на едени поинакви, среќни денови поминати таму. 

- 1976 и 1977 година одев на настава во природа.Летувалиштето се викаше Стахил Андасаров.Убави времиња, детски радости а сега кога ги гледам сликиве срце ми се кине што направивме и оставивме за младиве генерации.

- За жал не е само ова детско одморалиште оставено да пропаѓа. Сите одморалишта се оставени да пропаднат  Како деца не одевме по хотели на зимување, летување или на настава во природа и екскурзии, туку во овие одморалишта....ЖАЛНО.

- Таму одевме на настава во природа по неколку дена  и на игранка.