
Се појави фотографија на социјалните мрежи каде се гледа како купишта ѓубре, фотеља и делови од покуќнина стојат расфрлани на троатоар во скопската населба Порта Влае во општина Карпош. Од она што може да се зебележи е дека контејнерите се празни што значи дека надлежните служби ги исчистиле но отпадот надвор од нив го оставиле. Авторот на фотографијата прашува кој е надлежен да го собере овој отпад.
„Јавно упатувам прашање дали некој знае..до Град Скопје, до општинските служби до градоначалничката и најмногу до ЈПКХС кој е надлежен и одговорен за кабастиот отпад што не го собира во контејнерите и зошто никој не го собира од тротоарите“, пишува во постот.