Фолната киселина е витална хранлива состојка која игра голема улога за нашето здравје.
Photo by Call Me Fred on Unsplash
Таа претставува вид на витамин Б кој му помага на телото да произведе нови клетки, вклучувајќи ги и црвените крвни зрнца. Особено важна е за време на бременоста кај жените, бидејќи го спречува оштетувањето на мозокот кај бебињата. Корисна е и за здравјето на срцето, а го намалува и ризикот од срцеви заболувања.
Таа може да се најде во следните типови храна.
Спанаќ
Една порција спанаќ содржи 150 мцг фолна киселина.
Кељ и зелка
Тие содржат фолна киселина и тоа 100-300 мцг на 100 гр. Овие зеленчуци не се богати само со фолна киселина, туку и богати со останатите минерали и витамини.
Брокула
Вистинска суперхрана која содржи големи количества од овој б витамин.
Портокал
Еден портокал содржи околу 30 µg.
Јагоди
Јагодите содржат околу 20 µg на 100 гр.