Физички нападнати таксист, возач на ЈСП, малолетници...

Во Скопје во изминатиот ден пријавени се неколку случаи на физички напади, меѓу кои и возач на ЈСП.

На 01.12.2021 во 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кочо Рацин“ двајца малолетници од Скопје биле физички нападнати од две лица кои на еден од нив му одзеле мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.12.2021 во 21.30 часот во СВР Скопје, Д.Т.(49) од Скопје, возач во ЈСП, пријавил дека околу 18.30 часот на автобуска постојка во с.Смиљковци, скопско, додека бил на работно место, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.12.2021 околу 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Кисела Вода, Љ.К.(61) од Скопје бил физички нападнат од едно лице додека бил на работно место како такси возач во такси компанија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.