Физички нападнати малолетници во Радишани

 

59-годипна скопјанка пријавила дека нејзиниот малолетен син и уште еден малолетник, биле физички нападнати од неколку други малолетници. 

Според пријавеното, малолетниците употребиле и тврди предмети, информираат од МВР. Инцидентот се случил во Радишани.

-На 08.12.2022 во 22.00 часот во СВР Скопје, С.Ј.(59) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Радишани нејзиниот малолетен син и уште еден малолетник биле физички нападнати од неколку малолетници, кои употребиле и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - се наведува во соопштението на МВР.