Физичка пресметка меѓу малолетници пред интернет кафе во Скопје

Пред интернет кафе на ул.„Кемал Сејфула“, по претходна расправија и недоразбирање, двајца малолетници од Скопје биле физички нападнати од неколку малолетници, кои употребиле остар предмет.

Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 19.09.22 околу 21 часот. 

МВР презема мерки за расчистување на случајот.