Физичка активност, а не телефони и технологија – тоа е најважното нешто кое ни е потребно во модерното живеење

Самиот Алберт Ајнштајн вели дека животот е како возење велосипед. Мораш да продолжиш за да го држиш балансот.

Недостатокот на физичка активност комбинирано со лошата исхрана е главната причина за денешните болести. Според палеонтологот Лорен Кордејн, нашите претци во дамнешни времиња пешачеле околу 6 до 16 километри во потрага по храна. Жените ги носеле и своите деца со себе.

Денес, како да не ни е потребно пешачењето. Така се однесуваме, а потоа се чудиме кога сме постојано уморни или напнати, или пак кога ќе се разболиме.

Здравствените ефекти од пешачењето се огромни, со тоа што тие придонесуваат за елиминирање на воспалителните процеси во организмот (а тоа се модерните болести, од депресија, до дијабетес, алергии па и карцином). Во едно истражување е докажано дека 20 минути брзо одење го намалува нивото на воспалителните маркери за околу 5 % на дневно ниво. Тоа придонесува и за намалено лачење на кортизолот, хормонот на стресот, но и  намалување на крвниот притисок.

Во денешното модерно живеење, често се занемарува физичката активност. Во овие години, најдобро е да се користи интервален тренинг со висок интензитет. Сепак, добро е да се практикува и пилатес, но и дигање тегови, кои не треба да бидат премногу тешки.

Се препорачуваат 150 минути неделно, односно 6 часа. За среќа, не постои долга граница, така што секакво пешачење е добредојдено. Степенот на активноста секако треба да се прилагоди според возраста.