Финансиски резултати на АД ОКТА за третото тромесечие/девет месеци од 2022 година

Подобрени продажни резултати во третиот квартал на 2022, помогнати од туристичката сезона,созагуби во вреднувањето поради падот на меѓународните цени на нафтата

3 квартал 2022

3 квартал 2021

% разлика

(во милиони денари)

9месеци 2022

9 месеци 2021

% разлика

17.612

7.596

132%

Приход од продажба

45.328

17.408

160%

153

297

-48%

Бруто маржа

1.317

850

55%

145

122

19%

Оперативни трошоци*

434

378

15%

59

225

-74%

EBITDA

1.035

618

67%

-2

170

 

Добивка пред оданочување

848

471

80%

231

141

63%

Прилагодена EBITDA

523

317

65%

* Со исклучок на еднократните ставки

Клучни резултати за првите девет месеци во 2022 година

Резултатите во првите девет месеци од 2022 се подобрија во споредба со минатогодишните, одразувајќи ја зголемената побарувачка за горива на домашниот и извозниот пазар, што го неутрализираше негативното влијание на енергетската криза врз оперативните трошоци. Приходите од продажба изнесуваат 45.328 милиони денари, што претставува зголемување од 160%,во однос на истиот период минатата година, поттикнати од зголемената продажба на домашниот и извозниот пазар. Бруто маржата достигна 1.317 милиони денари, надминувајќи ги 850 милиони денарипостигнати истиот период минатата година.

ЕБИТДА за првите девет месеци од 2022  изнесуваше 1.035 милиони денари, повисока за 67% во однос на истиот период минатата година, а добивката пред оданочување изнесуваше 848 милиони денари, што претставува зголемување од 80%,споредено со истиот период минатата година. Овие резултати се придобивка од повисоката продажба на домашниот и извозниот пазар, потпомогнати од добивките од вреднувањето на залихите поради растот на меѓународните цени на нафтата што позитивно влијаеше на резултатитеза првите девет месеци од 2022година за 512 милиони денари.

Зголемена побарувачка на домашниот и на извозниот пазар на горива во третото тримесечје од 2022 година

Во третиот квартал од 2022 годинаприходите од продажба достигнаа 17.612 милиони денари, што претставува зголемување за 132%, споредено со третиот квартал во 2021 година, предводени главно од дизелот, благодарение на тековното закрепнување на економскиот раст и значителниот транзитен туризам, што го поддржа закрепнувањето на побарувачката на домашниот и извозниот пазар. Поради работата на електраните во екот на актуелната енергетска криза, продолжи зголемената побарувачка на мазут.

Од друга страна, зголемените инфлациски притисоци и зголемените енергетски трошоци резултираа со зголемување на оперативните трошоци за 19%,споредено со истиот период минатата година. И покрај предизвиците, ОКТА успешно ги надмина турбуленциите со кои се соочи во еволуирачкото пазарно опкружување, исполнувајќи ја својата стратегија.

Оттука, ОКТА го затвори третиот квартал од2022 годинасо ЕБИТДА која достигна59 милиони денари, и е пониска од остварените 225 милиони денари во истиот период минатата година. На овој резултат најмногу влијаезначајниот негативен ефект од вреднувањето на залихите од 172 милиони денари, наспроти позитивниот ефект од 84 милиони денари кој беше постигнат во третиот квартал на 2021 година.

Со ова, прилагодената ЕБИТДА достигна 231 милиони денари, што е зголемување за63% наспроти третиот квартал во 2021 година. Менаџментот на ОКТА продолжува внимателно да ја следи ситуацијата, бидејќи флуктуациите на цените на суровините може да влијаат на вреднувањето на залихите, што може да имплицира засилена неизвесност во однос на објавените метрики за следните квартали.

Општествена одговорност

Во рамките на нашата програма заопштественаодговорност „Нова генерација“, ОКТА ги поддржува младите преку обезбедување можности за студентите кои имаат желба да се стекнат со знаење и работно искуство. Така, ОКТА шеста година по ред потпиша меморандум за соработка со Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, преку кој ќе бидат доделени стипендии за постдипломски студии за научни области релевантни задејноста на компанијата на пет истакнати студенти. Како долгогодишен промотор на културното наследство на земјата, ОКТА го поддржа организирањето на познати музички и уметнички фестивали што се одржаа во изминатиот квартал.

Менаџментот на ОКТА ќе продолжи да ги смета како приоритети здравјето и безбедноста на своите вработени и клиенти, континуираното и непречено снабдување на земјата со висококвалитетни производи, внимателното следење на развојот на настаните на домашниот и на странските пазари, како и искористувањето на сите можности кои ќе излезат во пресрет.

За повеќе информации, ве молиме контактирајте:

Огнена Ничота Стаменкова, Менаџер за односи со инвеститори,ostamenkova@helpe.gr

Марија Ставрева, Менаџер за комуникации и KОO,mstavreva@helpe.gr